Како да уредите изнајмен стан да биде како дом

Како да уредите изнајмен стан да биде како дом

Здраво, овде е Викторија и во случај да сакате да знаете малку повеќе за мене, ви препорачувам да го прочитате мојот претходен пост каде што напишав малку повеќе во детали за мене. Во следните години ќе ви бидам уредувач и водич на square.mk. Па да почнеме.

Ако сега се обидувате да изнајмите стан или штотуку сте купиле нов стан, еве нешто што треба да го запомните: Најранливата работа во домот сте ВИЕ. Вие сте оние кој може да го преуредите просторот, да донесете нови работи, да го пополните просторот со твојот стил и да го направи удобен . Вие сте господарот на вшиот живот и вашиот простор. Вашата удобност највеќе зависи од Вас. Ако мислите дека станот 100 % не ги совпаѓа вашите потреби, мислите дека станот може лесно да се преуреди да одговара на вашите потреби. Многу е тешко да се најде просторот кој целосно ќе одговара на вашиот карактер и стилот на живот на вашето семејство, па за да го имате домот на соништата, ќе треба да ја вложите душата и талентот во него и верувајте ми на крајот ќе уживате во овој процес!

Која е главната функција на домот?

Пред да зборуваме за декорација, ајде прво да размислиме кои се главните функции на домот? Прво, треба да спроведе три основни потреби: храна, сон и чистота. И повеќето луѓе обично застануваат тука. Но, постојат повеќе функции на домот, и тие ќе играат голема улога во среќата на вашето семејство и вашиот личен раст:


Полнење. Домот не е бар или клуб, треба да е место каде што ќе се одморите и ќе ги наполните батериите после напорен работен ден и ќе се подготвите за нови предизвици. Баровите и клубовите се за забава, тие нема да ве исполнат со чуството на сила. Но домот ќе ве наполни – затоа што има мали незаборавни моменти кои ќе ве потсеќаат на вашите минати достигнувања, работите што уживате да ги гледате и допирате, областа каде што можете да бидете сами со вашите мисли( се разбира доколку сте ја создале оваа зона). Јас ќе ви зборувам за важноста на тоа во следните постови.

Чуство на благодарност кон себе и вашето семејство. Вашиот дом е одраз на она што сте го постигнале и не само финаниски , туку и интелектуално , колку книги сте прочитале, сивенири од колку држави сте донесле ,какви односи сте изградиле и слично. Нема подобра мотивација од потсетувањето колку многу сте постигнале до сега.

– Одмор. Омилена книга, топла када, свеќи ,музика ,вечери со пријателите и семејството, јога ,ритуали за убавина ,филмови ,излежување во кревет по цел ден и многу другипријатни работи (секој има свој сет ). Многу луѓе го испуштаат овој дел затоа што не го уредиле изнајмениот стан да одговара на нивниот животен стил. Има многу други но ќе се навратам подоцна. Поентата ми е дека пред да потрошите пари на декор и скапи дизјани треба да ги разберете целите и функциите на вашиот дом. Каква емоција сакате да создадете во вашиот животен простор?


Така , кога сте по потрага по станови (или веќе сте го изнајмиле или купиле станот и размислувате како да се сместите) би ви препорачала да одвоите неколку минути и да размислите кои се главните намени на секоја зона во станот. За што служат и кои се неопходните работи што треба да ги има и како да ги направите убави со користење на едноставен декор или преместување на работите наоколу. Влезот, кујната ,спалната и дневната соба се главни зони во домот па да почнеме од нив.

Влезот

Влезот треба да ги пречека оние кое влегуваат во домот и треба да покаже дека гостинот (или членот на семејството) е сакан и дека сите се среќни што го/ја гледаат. Оваа област е одговорна за складирање на облека и обувки и производи за нивната грижа. Влезот треба да биде удобен за соблекување палта и чевли.


– Во влезот треба да можете да најдете работи потребни и за заминување од домот , на

пример клучеви, парфеми ,кармин итн.

– Огледало е најважно во влезот. Ви овозможува да проверите дали изгледате добро

пред да го напуштите домот и да го поставите расположението за новиот ден.

– И последна функција е да донесете добро расположение кога ќе се вратите дома.

Сето ова се чини дека се многу едноставни работи, но сепак во повеќето домови ви кој сум бил, откако ќе ја отвориш вратата се залепуваш во куп чевли на подот (особено ако се работи за големо семејство), тогаш не можете да го најдете местото каде да го оставите палтото. Наутро сопствениците на такви станови најчесто трчаат низ домот полни со фрустрација, се обидуваат да најдат каде се клучевите и во кој џеб се заборавени, потоа трчаат во бањата по кармин, па во кујната бараат нешто за чистење чевли. Позната ви е ситуацијата?

Што и да правите во домот треба да носи само позитивни емоции, во следната статија ќе навлегувам во детали како да ја организирате оваа зона, за да го напуштите домот со насмевка налицето и подготвени за нови предизвици, наместо вина на доцнење и иритација.


Трпезарија / Кујна

Трпезарија е една од најпосетуваните области во домот и има најмногу фукнции од сите области:

– Тоа е место за готвење.

– Место за чување храна.

– Место за јадење.

– Место за чување садови и опрема за кујна.

– И најважно, место за средба со семејството и пријателите и комуникација.

Навистина сакам пространа кујна која има посебна трпезарија. Уживам да декорирам празнично да ги облекувам столовите и масата, да прередувам и да организирам вечери со пријателите или семејсвото. Откако ја променив кујната од место за работа таа стана место за одмор и комуникација. Во следната статија ќе ви дадам подетални совети како да ги распоредите работите и да направите простор во кујната за да биде удобна.

Сега мал совет за оние кои планираат да купат нов стан и ќе имаат шанса да ја изградат кујната од почеток. Запознаени сте за Фенг-Шуи теоријата за внатрешно уредување. Повеќето луѓе не го сфаќаат сериозно, но можам да кажам дека тоа е голема наука која навистина помага да се создаде добра атмосфера и расположение ви вашиот дом.

Значи, Фенг-Шуи посочува интересни работи во облоста на кујната. Пишува дека најважните елементи се шпоретот и мијалникот. Шпоретот претставува оган(машка енергија) а мијалникот вода (женска енергија). Фенг-Шуи советува да не се ставаат овие два елементи еден пред друга (сега е модерно основата во кујната да се направи со мијалник и бар и да се остави шпоретот до ѕид). Судирот на машка и женска енергија може да ги влоши односите помеѓу мажот и жената дома.

Од друга страна, фенг-шуи советува шпоретот и мијалникот да се постават под агол од 90 степени едни на други , мијалникот да биде поставен до прозорецот а шпоретот до ѕидот. Науката објаснува дека шпоретот (оган-машка енергија) е поврзан со трошење на парите , па ѕидот ќе обезбеди поддршка и контрола. Така, дури и ако кујната се смета за „женски простор“ начинот на кој ќе ги поставите работите во кујната може да влијае на стабилноста на семејството и контолата на буџетот. Ако не можете да го ставите мијалникот и шпоретот под агол, подобро е да ги ставите во една линија, еден до друг.

Бидете внимателни со новите бранови на дизајни – можеби изгледаат привлечно, но најубавиот дом е оној во кој секој што живее во него се чуствува среќен. Навистина верувам дека емоциите во домот се многу поважни од новите трендови од списанијата.

Спална соба

Спалната соба е област во која поминуваме 1/3 од нашиот живот. Атмосферата во спалната соба ќе влијае на сите страни од вашиот живот, вклучувајќи го здравјето, врските и емоциите. Главните функции на спалната соба се:

– Правилно спиење

– Полнење

– Секс и размена на енергија

– Одмор

– Саморазвивање

Фенг-Шуи вели дека спалната соба треба да биде тивка, удобна, не премногу голема- за да задржи доволно енергија, а не прамногу мала- за да овозможи проток на енергија. Во спалната соба не треба да има многу прозорци, многу светло и најважно не треба да има многу светли бои.

Јас ќе додадам едно „НЕ“ за телевизор во спалната соба. Спалната соба е главното јадро на вашиот живот, манастир на љубов, одмор и полнење. Телевизорот не помага во ниту една од овие функции, спалната соба не е место за тоа!

Кога избирате нов стан или го реновирате стариот, не дозволвајте да ве заробат привлечните модерни светли дизјани или куп модерна оперема, тоа нема да ве направи среќни. Размислете за емоциите и удобноста што сакате да ги имате во вашата спална соба.

Дневна соба

Дневната соба е најконтраверзната област во домот. Прашувате зошто? Причината е многу едноставна – повеќето семејства не ја разбираат вистинската функција на дневната соба. Дури и ако гуглате: „која е целта на дневната соба“, најверојатно ќе видите „За средба со гости, гледање телевизија и комуникација“. Формално, светот со својот нон-стоп технолошки развој не турка да ставиме телевизија на главното место во собата, а во исто време старите традиции уште не тераат да го исполниме просторот со софи за гости. Но всушност ниту едно од овие нема да создаде топла семејна атмосфера во вашиот дом. Пред да ви кажам како ја препознавам оваа област, дозвелете ми да ве ја раскажам историјата за оваа соба.

Историски гледано, дневната соба била позната како “салон соба“ . Ова име е преземено од Францускиот збор parloure или parler што значи “ да зборува“ или „ разговор“ . За време на викторијанската ера, салонот беше предна соба на секој дом во секоја средна или висока класа. Се користеше само за средба со гости или за некои многу посебни семејни прилики. Салонот беше одраз на финансиската состојба на семејството,така што за опремување и дизајн на оваа конкретна просторија семејството трошело голем дел од својот буџет. Сопствениците можеби имаат евтин и неудобен кревет, но салонот бил направен според најновите трендови и дизајни. Сите се обидувале да направат ремек дело од оваа просторија- слики на познати уметници, антички или рачно изработен мебел, ексклузивен декор- се за да им го покаже социалното рангирање на гостите. Во 18-19 век постоењето на салон во куќата беше доказ за висок статус. Се разбира никој не ја користеше просторијата секој ден. Токму кога гостите илегуваа од домот, завесите се спуштаа и собата чекаше следна посебна пригода или недела. За сопствениците на куќата, исто така не беше просторија во која навистина би уживале да го поминуваат времето, бидејќи правилното однесување беше силно наметнато меѓу членовите на семејството и гостите. Средбата со гости беше речиси како работа, а не ако слободно време.

Вториот здив салонот го доби за време на подемот на индустријализацијата кога машините го поттикнаа поризводството на мебел и го направија достапно за пониската класа. Наместо уникатен рачно изработен мебел, се користи „скап изглед“. Дизајнерските списанија објавуваа нови трендови и совети за тоа што е добро , а што не треба да се става во оваа просторија. Така малку по малку салонот престана да биде атрибут на богатите и стана широко распространет.

Како што салонот го губеше статусот “само за богатите“, декорацијата на собата стана

подемократска. До средината на 19 ти век стана вообичаено да се има неколку полици каде фамилијата може да ги постави своите мемории од фамилијарни патувања, украсни предмети, фотографии од семејството и актуелни материјали за читање. Сопругата имаше слобода да ги прикажува своите предмети за да ја изрази својата индивидуалност.

Откако стана достапен за широк спектар на семејства, салонот ја губеше својата главна идеја и статус. Собата повеќе не служеше како одраз на финансиската состојба,стил или вкус на семејството , туку почна да ги опслужува секојдневните потреби на домаќините. За време на избувнувањето на грипот, стана вообичаено да се изложува телото на починатиот за гледање во салонот. Во тој период оваа област од куќата го изгубила името „Салон“ и наместо тоа го добила името „Соба на смртта“ .

По Првата Светска Војна, бројот на смртни случаеви се намали, списанието „Ladies Home Journal“ објави статија во 1910 година во која сугерирање дека „Салонот“ повеќе да не се нарекува „Соба на смртта“ и наместо тоа да се нарекува „Дневна соба“, бидејќи тоа беше просторија во домот во која се одржуваат активности, социјализација и среќа, таа стана повеќе жива соба отколку место за жалост или место за среќавање со гости и еве сме со нашата дневна соба. Денеска имаме многу различни начини да го претставиме нашиот статус- како автомобилот, компанијата во која работиме, брендот на облека што го носиме и слично. Никој не ги кани своите партнери дома за да импресионира и да покаже колку е богато семејството и какви уметнички дела имаат на ѕидовите. За време на мрачните денови на историјата стана очигледно дека пред се на семејството му е потребно област каде што може да поминуваат заедно.

Мислете така на тоа – ако спалната соба е за простор за маж и жена, детската соба за деца, кујната најмногу за жени, кабинет најмногу за мажи, а дневната соба е динствената област во куќата каде целото семејство го поминува своето време заедно. Дневната соба треба да биде центар на вашиот семеен живот! Не го ограничувајте времето на вашето семејство само со заедничка вечера. Размислете како да ги сместите работите од интерес на секој член на семејството во дневната соба и како секој може да ужива во времето поминато таму. Филмовите и рекламите обично ни прикажуваат „толата попладневна семејна атмосфера“ како сопругит чита книга, сопругата изработува рачни изработки, децата си играат со Лего коцки на тепихот и сите се среќни. Оваа слика не е ништо нереална- тоа е само добро организирана дневна соба во која главниот фокус е на семејството, на интересните на секој член, но не и на гостите кои би можеле да доаѓаат еднаш месечно.

Дневната соба е место каде секој треба да се чуствува како дома. Голема грешка е да се држи оваа соба надвор од животот. Не ги отстранувајте детските играчки од дневната соба- тоа ќе направи детето да се чуствува дека не е важно и дека не е сакано. Истото е кога ќе ги отстраните весниците на сопругот или книгите за готвење на сопругата(или други лични работи ) во „нејзината/неговата“ област , тоа само ќе го натера да се заклучи во собата и да поминува време сам/сама. Секој во куќата треба да знае дека куќата може да ги забавува , а одговорот за тоа е како да ги забавува треба да биде во дневната соба.

Да тешко е да се одржува собата уредна, ставајќи ги хобијата на сите во едно место во куќата- но тоа е можно. Се работи за добро организиран простор, дневната соба треба да биде функционална а не само убава. На тоа прашање ќе посветам неколку натписи а нашата цел ќе биде да ги натераме сите членови на семејството да уживаат да доаѓаат во дневната соба и да поминуваат време таму и се разбира нема да заборавам да се сретнам со пријателите дома и да организирам „приватни области“ во куќата. Сите ние сакаме да поминуваме време со пријателите, како и на сите ни треба малку време да бидеме сами. Почекајте ги моите нови натписи и ќе се изненадите како можете да ги пречекате гостите на забаван начин, дури и ако вашиот стан под кирија е многу мал и како да најдете одредена приватност во која било куќа.

Значи ова се основните функции на домот. Ќе навлегувам многу длабоко во секоја од областите во следните натписи, но оваа може да биде кратка листа за проверка пред да го изнајмите станот. Ќе ви помогне да разберете што барате и да проверите дали вашиот дом ги има основите што одговараат на главните функции на домот.

Мал совет за на крај: кога ќе го погледнете станот, но недостасуваат некои основни работи или има некои работи кои не ви требаат и се на местото каде што не треба- слободно побарајте од сопственикот да додаде или одземе некој работи. Повеќето луѓе се срамат да прашаат за такви работи, но моето искуство покажува дека повеќето сопственици со задоволство ќе направат чекор напред за да ги исполнат вашите желби за удобност.

Имај едно нешто на ум!

Имајте на ум- домот е жив, тој ве одразува вас, вашиот карактер и вашето расположение. Кога правите промени во куќата ќе се менувате и самите себе. Креирањето на куќата од соништата е долг процес а самиот процес треба да ви донесе задоволство. Не го сфаќајте тоа како должност, сфатете го како чекор по чекор ритуал кој ќе ве натера да се чуствувате посреќни!

И драги пријатели ако имате дополнителни прашања или ако имате некакви желби за што да пишувам повеќе, ве молам пишете во коментарите и јас ќе се потрудам да го сторам тоа.

И ако сеуште сте во потрага по совршениот дом, ние можеме да ви помогнеме! Само кажи ни дали сакате да изнајмите стан? или да купите стан или можеби сакате да изнајмите куќа или да купите куќа?

Ви посакувам убав ден, Викторија.